ОВЕН

Работа

Почетокот на месецот, односно 4 април ви носи хармонија во комуникацијата. Договорите со колегите и клиентите ќе одат лесно, а вие ќе бидете посмирени од вообичаено. Комуникацијата ќе биде зачестена, па ќе се трудите да одговорите на сите. Можни се и дополнителни финансии, ако некој ви должи пари.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец комуникацијата се подобрува. Се прават планови за иднината, а вам тоа ви годи.

Ако сте слободни: Овој месец нема да се посветите на љубовта, туку на пријателствата кои ви се ставени во прашање, од некоја причина.

Здравје

Стабилно.

БИК 

Работа

Во текот на април, многумина од родените во овој знак ќе бидат задоволни со приливот на финансии. Некои од Биковите ќе размислуваат и за тоа каде оди нивната кариера и ќе посакаат да направат некаква промена. Не е време за големи одлуки, но дефинитивно можете да се посветите на планирање.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец можно е да дојде до заладување на односите. Тоа ќе се должи на тоа што врската нема да ви биде приоритет бидејќи мислите дека сите нешта се како што треба да бидат.

Ако сте слободни: Почнува да се развива еден интересен однос, кој е започнат на друштвените мрежи.

Здравје

Внимавајте на повреди.

БЛИЗНАЦИ 

Работа

Оптимистични сте и тоа е добро, бидејќи овој месец ќе успеете да склучите важни договори. Финансиите се стабилни, а комуникацијата со колегите ќе се подобрува од 12 април, без оглед на тоа дали работите од дома или не.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец комуникацијата се подобрува а се засилуваат и страстите. Уживајте во прегратките на саканата личност.

Ако сте слободни: Овој месец доаѓа шанса да го промените својот љубовен статус.

Здравје

Внимавајте на имунитетот.

РАК 

Работа

Заинтересирани сте за промени на ова поле. Ќе успеете да направите реорганизација на работата, но и да го ускладите својот професионален распоред со она што сакате да го постигнете за себе во слободното време. Финансиите се малку полоши од вообичаено, но не се грижете премногу.

Љубов

Ако сте во врска: Ќе ви стане јасно каков е квалитетот на вашиот однос. Некои Ракови ќе посакаат да станат родители или да стапнат на лудиот камен, а други ќе донесат драстична одлука да остават една врска позади себе. Ова е месец на промени.

Ако сте слободни: Овој месец  ќе ви се допадне колега со кој одамна се познавате.

Здравје

Нервоза во текот на целиот месец.

ЛАВ

 

Работа

Конечно ќе забележите дека притисокот на работа се намалува и иако ќе почнат да ви недостасуваат некои од обврските кои ги имате досега, сепак ќе најдете време за себе и за тоа што ве прави среќни.Ќе успеете да направите ретроспектива на својата работа и да сфатите колку многу сте постигнале. Овој месец доаѓаат и нови можности, искористете ги.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец со саканата личност ќе се јави мал јаз во вашите односи. Не ја анализирајте премногу дистанцираноста, дајте и го на саканата личност просторот кој го бара за себе.

Ако сте слободни: За вас ќе се заинтересира постара личност.

Здравје

Преморени сте.

ДЕВИЦА

 

Работа

Во текот на април ќе бидете мотивирани за работа, но и да направите некои промени, првенствено кај себе и вашиот пристап кон работата. Нема да губите многу време, па тоа ќе ви го донесе прогресот кој го посакувате.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец  носи планови за иднината. 

Ако сте слободни: Почетокот на месецот ви носи контакт со некоја личност од минатото.

Здравје

Можни се повреди.

ВАГА

Работа

Загрижени сте за својот статус на работа, па тоа ви одзема многу време и воопшто не се фокусирате на суштината. Сега ви е потребна организација на работата, но и завршување на обврските кои се наталожуваат. Не мислете на тоа што би можело да биде.

Љубов

Ако сте во врска: Односите се стабилизираат, но вториот дел од месецот носи мали тензии во односот со саканата личност.

Ако сте слободни: Можна е промена на љубовниот статус. Можеби ќе запознаете интересна личност преку пријател.

Здравје

Стабилно.

СКОРПИЈА

 

Работа

Ве мачи напнатост па тоа ја нарушува комуникацијата со соработниците. Работите не се толку лоши, но вие сакате да ги преувеличувате. Можно е да почувствувате како да ви се нарушува авторитетот. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец, партнерот нема да има големо разбирање за вашите ставови и променливо расположение, па потрудете се да дадете се од себе за да ги држите односите дипломатски.

Ако сте слободни: Можен е интерес за вас од некоја помлада личност.

Здравје

Внимавајте на повреди.

СТРЕЛЕЦ

 

Работа

Сериозно ја набљудувате професионалната ситуација па во вас се јавува чувство на загриженост и несигурност, но за среќа тоа е привремено. Финансиите полека се стабилизираат. 

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ќе биде потребна голема толеранција од ваша страна за однесувањето на саканата личност. Пробајте да сфатите од каде доаѓаат некои работи, не осудувајте предвреме.

Ако сте слободни: Тактизирате на ова поле. Внимавајте да не останете со празни раце.

Здравје

Внимавајте на исхраната.

ЈАРЕЦ

Работа

Пред вас е месец во кој ќе почувствувате големо растеретување. Минавте низ еден долг процес со многу обврски, па сега ви е потребно да здивнете. Не си измислувајте работа само за да бидете активни. Работата функционира, нема причини за грижа.

Љубов

Ако сте во врска: Овој месец ќе се повлечете во себе и ќе сакате поголем дел од времето да сте сами. Искомуницирајте го ова добро со саканата личност.

Ако сте слободни: Можна е промена на емоционалниот статус на почетокот на месецот.

Здравје

Здравјето се стабилизира.

ВОДОЛИЈА 

Работа

Првите десет дена од месецот ќе бидат резервирани за финансиите, бидејќи ќе се занимавате со некакво вложување. По петтимарт доаѓа до интензивна комуникација со околината, па затоа внимавајте што кажувате. Можни се мали недоразбирања.

Љубов

Ако сте во врска: Доаѓа до проблеми со саканата личност и мала напнатост од двете страни. Третата недела од март носи смирување на ситуацијата.

Ако сте слободни: Ако сте слободни, љубовта ќе зачука на вашата врата.Можно е да ја запознаете таа личност преку член на семејството, или пошироката фамилија.

Здравје

Обрнете внимание на исхраната.

РИБИ 

Работа

До вас стигаат многу информации, а комуникативни сте и тоа е добро, овој месец. Не ги земајте работите здраво за готово, особено оние кои се непроверени. Ќе почнете да размислувате за дополнителен приход, а на крајот на месецот ќе ви се укаже можност за тоа.

Љубов

Ако сте во врска: Односите со саканата личност се одлични. Тоа е она што ви треба во овој момент.

Ако сте слободни: Љубовта доаѓа преку еден член на семејството.

Здравје

Можни главоболки.