На репертоарот на кино Милениум неделава премиерно ќе бидат прикажани дури три филмски остварувања. Светскиот мега хит “Елисеум”, научно-фантастичен филм со Мет Дејмон и Џоди Фостер во главните улоги е на програмата од 20 часот. Францускиот трилер Во куќатаа во терминот за европски филм ќе се прикажува во 13 часот, додека премиерата на новиот македонски документарен филм Заборавените жртви на комунизмот, е на репертоарот на Милениум в петок (23.8.), во 12 часот.
За премиерното прикажување на “Заборавените жртви на комунизмот” влезот ќе биде слободен.