На сцената повеќе пати покажала дека е жив огон, но овој пат на публиката и приредила нешто сосема неочекувано.

Дружење со словенската и италијанската публика Неда ќе ја паметат по тоа што на глас со неа ги пееле сите нејзини нови но и стари хитови. Пеачката е многу добро примена гостинка во целиот регион.

Со својата харизматичност, но и поради атмосверата која ја прави, и целосно внимани кон своите фанови пеачката цели пет децении ги полни салите во кои настапува.

– Често сум во Словенија и не треба посебно да истакнам колку сум среќна и привелигирана поради повеќедецениската љубов со словенската публика. Настојувам да се одолжам со што понекогаш покрај своите пеам и некој светски хит. Така и овој пат ја изненадив публиката, бидејќи се работи за двојазична италијанска и словенечка средина со песната “О соле мио” специјално аранжирана за оваа публика. Инаку подготвувам голем концерт во салата во Стожице кој ќе се одржи на 7 декември. Наскоро влегувам во студио и подготвувам убаво изненадување за публиката. Тоа ќе биде една многу убава песна која се надевам дека ќе се игра и за Нова година – рекла Неда.