Од 16-тиот кат на зграда во Ниш падна дел од тераса, но за среќа никој не беше повреден.

Според сведокот, бетонскиот ѕид паднал за време на невремето околу три часот наутро, од зграда стара 42 години, објави РТС.

Комуналната полиција го обезбеди местото, а на куќниот совет на станарите е да се отстрани бетонскиот ѕид.

 

извор: Makfax