x

Невиден малер: Сите му се смеат на Буфон!

buffon-1200

Проклетство или малер? Сеедно, важно е што еден од најголемите, најдобрите фудбалски голмани во историјата веројатно кариерата ќе ја заврши без пехар во Лигата на Шампионите. Секако дека станува збор за Џиџи Буфон, кој освои се што можеше да се освои, беше и светски првак со Италија во 2006, но само му недостига, а тоа “ушлето“ од ЛШ.

Велиме малер зошто Буфон направи невиден кикс. Имено во јули 2018 година од Јувентус се пресели во ПСЖ сметајќи дека со „светците“ ќе има поголеми шанси да го освои пехарот. И не успеа. Веќе следното лето се врати во Торино, си мислеше дека Јуве со Роналдо секако дека има големи шанси за такво нешто. Дури потпиша договор за речиси “никакви“ пари, тој е еден од најслабо платните играчи на Јуве, само за да биде тука, во клубот, и заедно со Роналдо дојде, конечно, до пехарот.

И што се случи?

Јуве уште во четвртфиналето беше елиминиран од Лион, а ПСЖ вчера го мина Лајпциг и ќе игра во големото финале, се разбира без Џиџи, и има големи шанси да го освои “ушлето“.

А Џиџи?

Е, па, со Џиџи се мајтапат сите…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата