Додека осми ден по ред расте бројот на заразени со кови-19 во Русија, главниот епидемиолог во Министерство за здравје Николај Брико вели дека се покажало оти короната ќе биде сезонска болест, како и другите инфекции на дишните патишта. Брико истакнува дека ситуацијата е под контрола и НЕ треба да се воведуваат никакви посебни мерки.

Академикот вирусолог Феликс Јершов од центарот „Николај Гамалеје“, кој ја направи првата вакција против ковид, истовремено тврди: 

– Стравот од корона ќе се намали за најдоцна една година. Направивме вакцина, научивме како треба да се бориме против короната и веќе за половина година ќе почне да се намалува стравот кој сега постои, објаснува Јершов. 

Во Русија во меѓувреме врз доброволци се врши тестирање на кинеската вакцина AD5-nKov, кое го спроведува компанијата Петровакс. Таа вакцина ја направи компанијата Кансино биолоџикс со Пекиншкиот институт по биотехнологија и Академијата за военомедицински науки. 

Претседателот на Русија Владимир Путин за тоа време му вети на колегата Александар Лукашенко дека Белорусија ќе биде првата земја која ќе ја добие руската вакцина. Неа веќе ја прими белорускиот премиер Роман Головченко и одлично се чувствува.