x

Неверојатно: По 19 години без италијански, шпански и англиски тимови во полуфиналето на ЛШ

screenshot_20200815_233915

Манчестер Сити се збогува со Лигата на шампионите по поразот од Лион (3:1) во Лисабон.За првпат од 1991 година, полуфиналето ќе биде без англиски, шпански и италијански тимови.

Лион подготви уште една сензација по Јувентус, за трофејот ќе се борат Баерн – Лион и Лајпциг – ПСЖ.Значи, две германски и две француски екипи во самиот крај на најелитното клупско натпреварување.

Ова значи дека за прв пат од 1991 година, имаме полуфинале во кое нема барем една екипа од Шпанија, Италија или Англија. Реал Мадрид, Барселона и Атлетико испаднаа, исто како и Ливерпул, Манчестер Сити, и Јувентус и Наполи како претставници на италијанскиот фудбал во нокаут фазата на ЛШ.

Кога сме на 1991 година, тогаш финалето во Лигата на шампионите го одиграа Црвена Звезда и Марсеј, а белградскиот тим беше европски шампион. Спартак Москва и Баерн беа во полуфиналето.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата