x

Неверојатно: По седми пат добил отказ од ист клуб!

nikolo

Има ли смисла да се враќа одново. Неверојатна ситуација околу името на Николо Наполи (58 години), некогашен фудбалер на Јувентус. Е, тој Николо денеска по седми пат добил отказ од еден ист клуб, и тоа од романската Универзитатеа Крајова. Италијанецот постојано се враќа во Романија, во Крајова и постојано добива отказ. Како ли не му се здосади, и нему и на клубот!

Првиот пат седна на клупата во 2004 година, но само по неколку месеци доби отказ. Вториот мандат, од 2007 до 2009 му траеше нешто подолго.Потоа се врати во 2013 година, па во 2017, секако во 2018, 2019.

Пред неколку месеци првите луѓе на Универзитатеа Крајова немаа кого да постават за тренер, па му се јавија одново на Николо, тој ја прифати понудата, но денеска не е веќе тренер.

Инаку Николо Наполи покрај во Крајова, како тренер работел и во Брашов,Астра, Турну и Поли Јаши.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата