x

Неверојатно: Истрчал маратон на својата тераса (ВИДЕО)

Во цела Европа е вонредна состојба поради коронавирусот. Секојдневно можеме да прочитаме најразлични информации, совети што можеме да правиме додека сме во домашна изолација.

Французинот Елиша Ношомовиц се чини отиде чекор понапред. На својата тераса тој истрчал маратонска делница од 42,2 километри. Должината на истата е седум метри, му биле потребни шест часа и 48 минути за да ја исполни својата цел.

Идејата беше да почнам еден луд предизвик и да внесам малку хумор во оваа драматична ситуација на затвореност. Сакав да се уверам себеси дека можам да истрчам маратон. Ни самиот не знам колку пати ја поминав терасата“, изјави Ношомовиц.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата