Андреана Чекиќ и нејзината кума Ана Севиќ го прекинаа долгогодишното пријтелство,  а сега Чекиќ ги откри сите детали.

Андреана вели дека нема ништо лошо да каже за Севиќ и верува дека лошите работи кои и ги направила мислела дека и прави добро.

Јас двете раце ги ставав во огин за моите пријателства дека нема да завршат, но се завршуваат кога престанеш да си на иста бранова должина, вибрација и со исто мислење. Немам ништо против Ана, јас неа ја сакам и знам дека некои работи ги направила бидејќи мислела дека е така најдобро за мене, призна таа.

Чекиќ вели дека на Ана секогаш и била добра пријателка, но таа си дала премногу го коментирала нејзиниот љубовен живот.

Сама сум виновна бидејќи на луѓето им давав многу право да го кажат своето мислење и да се мешаат во мојот живот, додека јас немав право. Никогаш не ја прашав за разводот со Дарко. Јас од медиумите дознав, вели Андреана.

Пејачката вели дека и е жал што една одлука ставила крај на нивното пријателство,  но токму таа одлука и нејзиниот љубовен статус и помогнале да направи една “чистка“ во нејзиниот живот.

 

Единствено нешто што ми е жал е што таа одлучи да стави крај на нашето пријателство бидејќи донесов одлука за приватниот живот кој нема врска со неа. Нека каже дали и се машав јас во нејзиниот однос со Дарко или во односот со Даниел. Мојот љубовен живот направи една „чистка“ и неверојатно е колку ѓубре имав, вели Чекиќ за „ИДЈ ТВ“.