x

Неверојатна фотографија од Коби и Џиџи направена еден месец пред трагедијата (ФОТО)

Пред еден месец во хеликоптерска несреќа животот го загуби легендарниот кошаркар, Коби Брајант, неговата ќерка Џиџи и уште седум особи.

И натаму јавноста не може да се помири со оваа голема загуба. Социјалните мрежи, интернет порталите се преплавени со бројни информации, фотографии, детали…за животот на Коби.

Фановите забележаа неверојатен момент на една фотографија. Во позадината на мобилниот телефон на Џиџи стои фотографија на која е со Коби, истата е направена во декември минатата година на една од средбите на ЛА Лејкерс.

Легендарниот кошаркар имаше посебна врска со својата 13-годишна ќерка, која тргна по стапките на Коби. Заедно беа дел од тимот на Мамба. Заедно го загубија животот, тие дента требаше да одиграат натпревар, но за жал не стигнаа на посакуваната дестинација.

ФОТО: АП

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата