x

Неверојатната Медема: 52 гола на 50 натпревари за апсолутен рекорд во англиската Супер лига

miedema-arsenal

Напаѓачката на Арсенал Вивиане Медема стана најдобра голгетерка во историјата на англиската Супер лига. Холанѓанката денеска во дресот на „топчиите“ реализира хет-трик во победата со 6:1 против Тотенхем и со тоа ја прескокна границата од 50 голови и постави нов рекорд по број на голови во женското фудбалско првенство на Англија.

За тоа колку е добра Медема го зборува и следниот податок: Таа стигна до бројката 52 гола во 50 настапи во англиската Супер лига и со тоа го урна претходниот рекорд од 49 гола на Никита Парис остварен во 110 натпревари.

Инаку Медема пристигна во Арсенал пред три години од Баерн Минхен. Претходно во дресот на Баерн реализираше 35 гола во 61 лигашки меч и освои два шампионски трофеја.

Со само 20 години таа се пресели во Арсенал, во првата сезона и беше потребно да се приспособи со оглед дека постигна четири гола. Натаму таа растури на англиските терени. Не само што е надобра голгетерка, туку со сигурност ќе ја понесе наградата најдобра фудбалерка во женската Супер лига на Англија.

ОВА Е НЕЈЗИНИОТ 50-ТИ ГОЛ ВО СУПЕРЛИГАТА

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата