Централното Собрание на Националната демократска преродба едногласно го избра новото раководство и партиските органи, почнувајќи од Централното претседателство на партијата составена од 21 членови.
Највисокиот партиски форум, Централното Собрание, за генерален секретар на НДП едногласно го избра поранешниот министерот на локална самоуправа Сухејл Фазлиу.
Централното Собрание избра и потпретседателите на НДП и тоа советничката и педагогот Лулјета Азири, докторот по здравствени науки Сефедин Билали, магистарот по правни науки Премтим Исени, како и правникот Суад Ибрахими.
Во овој партиски форум се избра и директорот на Центарот за анализи и истражување, Абдулкадир Исаки, а за портпарол на НДП го избра Шпат Исеини. Исто така, Централното собрание за прв пат изгласа и етичкиот Кодекс на партијата.

извор: Makfax