x

НБА тимовите сакаат продолжение на сезоната со проширен плеј-оф

Менаџерите на тимовите од НБА лигата,  наводно, се поделени околу тоа дали да го продолжат шампионатот кој поради коронавирусот беше прекинат во март или да се преселат веднаш на плеј-оф за да се добие новиот шампион.

Како што пренесуваат американските медиуми, лигата оваа недела ги анкетираше сите 30 клупски менаџери и половина од менаџерите одговориле дека сакаат регуларната сезона да продолжи, додека нешто повеќе од половина би сакале најдобрите 16 екипи, без оглед од која конференција да доаѓаат, да тргнат директно со плеј-оф.

Во истражувањето на менаџерите им беа понудени две опции – едната е да се игра плеј-оф турнир за да се утврдат екипите кои ќе одат во официјалниот плеј-офот, а другата е да се организира групната фаза како што е на светските првенства, што би го „покрило“ продолжението на регуларната сезона и првиот круг од плеј-офот.

75% од анкетираните менаџери гласале за првата опција, а 25% за втората. Наводно, сè уште не е донесена одлука, но договорено е да се соберат повеќе информации пред конечната одлука.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата