x

НБА со нов формат на Ол-стар мечот во чест на Коби

Годинешниот НБА Ол-стар натпревар, закажан за 17 февруари во „Јунајтед Центарот“ во Чикаго, ќе добие нов формат во чест на трагично загинатиот Коби Брајант.

Првите три четвртини ќе бидат мини-натпревари, а секој период ќе стартува со 0:0 на семафорот. Последната четвртина од натпреварот нема да има временско ограничување сè додека една од екипите не постигне потребен број на поени. Како што е наведено, потребен број на поени е збирот на поените кои треба да ги освои победникот по првите три четвртини, и на истиот ќе се додадат 24, во чест на Коби.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата