x

НБА луксуз во Орландо: Леброн и компанија со ВИП третман!

Базени, кино – сали, маникири, педикири, десетина ресторани, и се останато ги чека НБА кошаркарите во Дизниленд (Орландо), каде на крајот на следниот месец би требало да почне завршницата од тековната сезона во најквалитетна кошаркарска лига.

Сите натпревари ќе се играат во сала, а околината каде што ќе бидат сместени играчите, тренерите, судиите и сите останати, ќе биде строго изолирана од остатокот од светот. Јасно е дека Леброн Џејмс и сите останати ги чека вистински ВИП третман, вистински луксуз.

Кога нивната екипа нема натпревар, играчите и тренерите може да го гледаат останатите натпревари. Сите тие лица таму ќе можат непречено да се движат низ кампусот, во секој момент ќе има тестирања, а условите ќе бидат ригорозни. Било кој ако го прекрши протоколот ќе биде исфрлен од кампот, ќе се најде во изолација и ќе мора да минат 14 денови, како и да имаат два негативни теста на Ковид-19, како би добиле дозвола да се вратат во својата екипа. Секако дека ќе бидат и парично казнети.

Инаку завршница во НБА за оваа сезона, планирано е да се одигра од 31 јули до 13 октомври.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата