x

На Челзи му пропаѓа проектот од МИЛИЈАРДА ФУНТИ!

Проектот на Роман Абрамовиќ во вредност од милијарда фунти се чини дека пропадна. Нема да има ништо од новиот „Стемфорд Бриџ“. Имено плановите беа да се реконструира стадионот на Челзи, но овие планови ќе почекаат на некои нови времиња, и тоа се поради пандемијата со Ковид-19. Интересно е тоа што на 31 март, значи во вторник, на Челзи му истекува дозволата за реконструкција на стадионот дадена од страна на градските власти на Лондон. Новиот Стемфорд требаше да биде со капацитет од 60.000 места.

По тој повод се огласи со соопштение и самиот клуб. Челзи потврди дека дозволата истекува во вторник, и дека реконструкцијата на стадионот ќе почека подобри времиња и ги моли фановите за трпение.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата