По тригодишна доминација на Металург, Вардар успеа повторно да се врати на врвот на македонскиот машки ракомет. Екипата е во ново руво, на местото на Веселин Вујовиќ на кормилото дојде Зоран Кастратовиќ, кој храбро ги прифаќа предизвиците. Направи сериозен и обемен план на подготовки, со цел новокомпонираната екипа со повеќе играчи од странство и од домашниот шампионат да ја копоминира во една “машина”, која ќе функционира беспрекорно.
-Задоволен сум од досегашните подготовки. Стартот беше во Скопје, потоа во Крањска Гора, каде што работевме на физички план, но и одигравме две средби со словенечките прволигаши Марибор и Требнје. Победивме, но резултатите не ни беа важни туку воигрување на екипата. Бидејќи составот е гарниран со руско-балканска школа, која треба да добие нова физиономија и која треба да функционира беспрекорно. Располагаме со голем потенцијал кој треба допрва да се докаже, беше рапортот на Зоран Кастратовиќ пред заминувањето во Брест, Белорусија каде Вардар ќе учествува на турнир.

Сепак, Кастратовиќ за особено важен го смета следниот турнир, на кој ке учествува Вардар, а тоа е во Стразбур, Франција.
– По Белорусија се селиме во Франција. Таму ќе учествуваме на познатиот турнир во Стразбур, каде што ќе бидеме во група со нашиот противник францусикиот Пари Сер Жермен, со кого заедно играме во групата и во Лигата на шамипоните. Ова ќе ни биде убава можност да го снимиме противникот со кого не очекува голема борба за позиција во групата, која води понатаму. Се враќаме во Скоје и ја темпираме формата за Регионалната лига и за Лигата на шампионите. Прво на 7 септември не очекува дуелот со Металург, а шлагер на нашето учество ЛШ ќе биде на 21 септември во “Борис Трајковски” кога ни гостува европскиот гигант Барселона, детализира Кастратовиќ.

ЖРК ВАРДАР
Во Ѓер на испит

ЖРК Вардар СЦБТ од денеска учествува на турнирот во Ѓер, Унгарија, каде што освен домаќинот ќе настапат и екипите на Ростов Дон, Крим Меркатор, Мец и Лајпциг.
Вардарки својот прв натпрвар ќе го одиграат против Крим Меркатор, а утре ќе ги измерат силите со Мец. Последниот ден од турнирот е резервиран за финалниот натпревар и натпреварите за третто и петто место.

В. ПАВЛОВ