Две лица го прекршиле полицискиот час на тетовското подрачје во текот на ограниченото движење од 7 часот вчера изутрина до истиот термин денеска, информираат од СВР Тетово.  Според законските прописи по член 206 од Кривичниот законик и двајцата ќе добијат пријава за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

– Ги потсетуваме граѓаните да останат дома со оглед дека СВР Тетово продолжува со 24 часовно следење и практична имплементација на одлуките за ограничено движење познати како полициски час со мото патроли и на другите начини, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата нема утврдено прекршувања кај 195 лица кои потпишале изјави со кои се обврзале на самоизолација, како и кај 328 луѓе кои имаат решенија од Државен здравствен и санитарен инспекторат