x

На ТВ дознал дека синот му игра за првиот тим на Јувентус!

frabota

Јувентус е еден од најголемите клубови во светот и сон е на милиони деца еден ден да заиграат во дресот на “бјанко – нерите“. Кога ќе остварат тој сон, секако дека само многу мал дел од нив, се фалат секаде и на секого. Но не и Џанлука Фработа, младиот фудбалер кој оваа есенска полусезона добива често шанса од Андреа Пирло да настапи за првиот тим.

И сето тоа е убаво, само “проблемот“ е што Фработа не им кажува на родителите дека игра за првиот тим.

На тој потег на синот свој коментар има Ерколе Фработа.

Воопшто не ни кажа дека ќе игра за првиот тим на Јуве на мечот со Сампдорија. Тоа го дознав дури кога го вклучив ТВ приемникот и кога видов дека мојот син игра за Јуве. Ја почитувам одлуката на мојот син да не ми кажува. Веројатно не сака сам себе си да си наметне уште поголем притисок“ истакна Фработа сениор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата