x

На суво во „Кале“, Работнички не блесна, но го победи Вардар (ФОТО)

Дуелот меѓу Работнички и Вардар наместо во „Градски парк“ се одигра во големата сала „Кале“. Најтрофејниот кошаркарски тим веќе со години игра во сала која речиси нема никакви услови, а за тоа потврда дојде денеска, прокисна кровот.

Имаа среќа момците од „Градски парк“, салата која е под концесија на КФСМ беше слободна, па веднаш се преселија таму. Избраниците на Димитар Мираковски ја оправдаа улогата на фаворит, не блескаа, но нивната игра беше доволна за победа од 81-76 (18-13, 26-24, 19-13, 18-26) и рехабилитација по поразот во градското дерби од МЗТ Скопје.

Балмазовиќ со 26 поени го предводеше својот тим, Мијатовиќ имаше 15 поени. Провел со 20 поени беше прво име кај Вардар.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата