На Граничниот премин „Меѓународен аеродром – Скопје“ вчера бил уапсен 69-годишен маж, кој се наоѓал на листата со мерка „апси“, по барање на Полициската станица Гостивар, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.

Се работи за Џ.С., жител на гостиварското село Чајле, кој бил предаден на полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, соопшти МВР.