Сопственикот на една авто механичарска работилница во Врање, пронашол експлозив со голема јачина под автомобилот „Фиат Браво„ кој неговиот сограѓанин Филип, понеделникот му ја донесол колата на поправка.

Како што дознаваме Филип Милошевиќ, инаку син на Срџан Милошевиќ, некогашен политичар и сопственик на многу бројни кладилници во Врање, на 18 Март го однесол автомобилот кај мајсторот, бидејќи приметил дека нешто тропа во автомобилот.

– Го донесоа автомобилот, го подигнаа на дигалка и видоа некој чудна направа. Тогаш мојот син викна полиција. Не ми е пријатно ни малку.Не сватливо ми е дека такво нешто може да се случи, рече за медиумите, Бранислав Станковиќ, татко на сопственикот на авто механичарската работилница, кој ја пронашол бомбата. Полицијата одма после пријавата дојде на местото во работилницата и одма случајот го пријави во обвинителството.

Утврдено е дека на каросеријата, под седиштето на возачот беше поставен експлозив. Утврдено беше дека се работи за пластичен експлозив, количина 487 грама со систем за даљинско активирање, изјави Станковиќ.
Како што се дознава Фијатот на кој е поставена бомбата, го користеле Филип Милошевиќ и неговиот татко Срѓан.

Колата повеќе ја вози Филип, но повремено и неговиот татко. Во тек е истрагата, да се утврди дали мета на напаѓачот бил синот или таткото. Срџан е сопственик на 5 кладилници и долго време е во тој бизнис.

Ако бомбата беше активна, возачот најверојатно не можеше да преживее, изјавила српската полиција. Обвинителството наредило да се пронајдат видео записи и вештачење на експлозивната направа.

Кога механичарот се посомневал дека под автомобилот се наоѓа бомба, полицијата дошла на лице место и со соработка со Центарот за деактивирање на бомби успешно ја демонтирала бомбата.

За тоа време улицата била затворена, а на околните куќи им било речено да не излегуваат од своите домови, се додека не се деактивира бомбата.