Православните верници денеска го слават Свети Илија, Светецот кој се поврзува со дождот и громовите.

Свети Илија се паѓа во најтоплиот период од годината, а кога има невреме и грмотевици на овој ден, се смета дека тој погодува ѓаволи.

Никако не се работи, а ако врне се смета дека годината ќе биде сушна.

Се верува дека денеска треба да земете мед и да ги намачкате децата по образите за среќа и здравје.