Најмалку 45 лица беа уапсени на демонстрациите во Сиетл под обвинение за напад на полицајци и одбивање да се разидат, соопшти полицијата.

Најмалку 21 полицаец се повредени за време на протестите во тој град, јави Си-Ен-Ен.

Демонстрантите фрлаа камења, шишиња, огномет и експлозивни направи врз нив во саботата.

Еден полицаец се здобил со повреди на нозете и бил хоспитализиран.

Во Сиетл се одржуваат протести против полициската бруталност по убиството нс Џорџ Флојд

извор: Makfax