На интернет се продава уште една визиткарта од рускиот претседател Владимир Путин од времето кога работел во градското собрание во Санкт Петербург.

Освен тоа, се продава и фотографија со автограм, на која рускиот лидер е заедно со поранешниот претседател на Украина, Леонид Кучма.

Сопствениците бараат по 5.500 евра. Авторот на првиот оглас објавил дека визиткартата е од приватна колекција. Тој одлучил да ја продаде бидејќи дознал дека визиткартите се вреднуваат, а што се однесува до цената, се водел од објавите во медиумите. Тој нагласил дека би прифатил да ја спушти цената во зависност од интересот.

Другата понуда е фотографија од Путин и Кучма на брод со автограм од двајцата претседатели. Според авторката на објавата, нејзиниот сопруга служел на крузерот „Москва“.

Путин и Кучма навистина го посетиле ракетниот крузер „Москва“ во 2001 година, кој бил главен брод на Црноморската флота на Русија, пишува Спутник.

Високата цена на фотографијата, сопственичката ја објаснува со тоа што таа е многу ретка.

„ Цената е оправдана. Веројатно нема секој автограм од Путин и Кучма во оригинал“ изјавила таа.

извор: Makfax