x

На првата контрола во Анталија: Струга Трим Лум поразена од Ахал со 2:0

Пораз на првиот „тест“ во Анталија за екипата на Струга Трим Лум. Момците на стратегот Јетон Беќири со 0:2 загубија од тимот на Ахал, еден од најдобрите во Првата лига на Туркменистан. Од она што успеавме да дознаеме од таборот на стружани, на овој меч настапиле повеќе играчи на кои стручниот штаб ќе смета за пролетниот дел од тековната сезона.

Инаку следниот пријателски натпревар за Струга Трим Лум во Анталија ќе се одигра на 28 јануари, ривал ќе биде тимот на Арка од Првата лига на Полска.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата