x

На повидок голем конфликт меѓу ФА и Премиер лигата поради „Брегзит прописите“!

 

На Островот, а најмногу во фудбалска Англија не е само Ковид-19 проблемот, односно пандемијата со коронавирусот. Имено на повидок е голем конфликт меѓу Фудбалската Федерација на Англија и Премиерлигашките клубови и тоа поради „Брегзит правилата или прописите“. И тоа поради транзицијата во оваа земја, поради Брегзит, со оглед на тоа дека нема веќе така лесно да се добиваат работни дозволи за играчи кои доѓаат надвор од В. Британија. Досега играчите од ЕУ во Премиер лигата играа како домашни.

Имено откако Велика Британија се одвои од ЕУ, има пропис или правило,во секој клуб мора да има регистрирано 17 играчи од 25, кои доаѓаат од В. Британија. Се со цел да се штитат домашните таленти. Во време на финансиски проблеми, во време на Ковид -19, премиерлигашите бараат таа бројка на „домашни“ фудбалери да се намали на 14.

„Мирор“ пренесува дека повеќе од сигурно е дека нема така лесно да се стигне до договор.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата