Во попладневните часови на 21. септември на регионалниот пат Прилеп-Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот Д.Н. од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб.

Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош.

Увид извршила екипа од прилепската полиција.

извор: Makfax