Судејќи по се “Ватикански благослов“, е дело на лице задолжено за социјалните мрежи.

На Инстаграм на папата Фрањо, спрема извештаите на медиумите, лајкувана е фотографија на убава Бразилка и бикини модел Наталија Гарибото (27).

Судејќи по се “Ватикански благолсов“ е дело на лице задолжено за социјаните мрежи на поглаварот на Римокатоличката црква, па не е ни чудно наскоро да се појави оглас за овој пост.

“Барем ќе одам во рај“ искоментирала кусо Бразилката уживајќи во подршката која дошла од крајно неочекувано место.

Инстаграмот на папата Фрањо го следат 7,2 милиони следбеници, со што било неизбежно некои од врениците да го забележи службеното име на “Franciscus”, меѓу оние на кои им се допаднале провокативните фотографии во оскудна “школска униформа“.

Изгледа дека на официјалната страна на Инстаграмот на папата, сликата не е повеќе лајкувана, но интернет никогаш не заборава. Реакции на “скандалот“ има од сите страни, а некои тврдат дека папата паднал во замка. Побожните корисници на Твитер ги понудиле своите дигитални “мисли и молитви“ на папата, кој изгледа поминува низ тешко искушение. Некои други повикале на смиренсот, инсистирајќи на тоа дека Папата не го води Инстаграм на социјалните мрежи, додека други ги охрабрувале луѓето да ја следат Библијата.