Според ранг листа на Светската банка во врска со условите за деловно работење направена според податоци од 175 земји, Хрватска се најде на опашката од деловниот свет, пишува “Слободна Далмацијаè. Весникот истакнува дека Хрватска е пласирана на 2124 место, а пред неа се наоѓаат сите земји од поранешна Југославија: Словенија (61), Србија (68), Црна Гора (70), Македонија (92) и БиХ (95). Најлош резултат Хрватска постигнала по критериумот за издавање на дозволи-катастрофално 170 место.