Дали знаете дека овие тројца претставници на зодијакот по цел ден можат да фантазираат за секс и всушност, веројатно, тоа и го прават секојдневно:

Овен

Човек без срам. Кога сака секс, само тивко се прикрадува и додека се освестите неговата рака веќе е на саканото место. Овенот нема проблем да го побара тоа што го сака, односно без ниту еден збор ќе ви даде до знаење дека сте му неопходни сега и тука. Нема врска ако околу вас има еден куп луѓе или моментот не е најсоодветен. Неговите еротски импулси се посилни од што било. Предиграта не го интересира, туку акцијата. Што побрзо, тоа подобро е неговото мото. Ако мора да апстинира повеќе од 48 часа, сметајте за мртов човек. За него понекогаш квантитетот е поважен од квалитетот.

Близнаци

Со самиот стил на облекување повикуваат на секс. Нивното одење и појавување е незаборавно. Би го одвлекле и најнепривлечниот партнер во собата само за да му ги покажат своите знаења. Овој претставник на зодијакот сака да се движи во различни друштва, со различни типови на луѓе, затоа не се чудете ако им се пушти на сите  кои ги познавате. Не им се страни и фантазиите за повеќе мажи или жени истовремено, бидејќи потајно сакаат секс во група.

Скорпија

За скорпијата сексот е лов! Сака костими, играчки, помагала, па лесно ќе ве натера да бидете нејзин роб. Често не може да се воздржи од секс, па затоа го има пробано и на најневозможните места. Колку се поголеми шансите да биде фатена во акција, толку е поголемо уживањето. Скорпиите секогаш сакаат да гледаат, но и да бидат видени.