x

На ова се чекаше деценија: Леброн ги предводеше Лејкерс до финалето на Западот

lebron-james

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на западната конференција откако и во петиот меч го совладаа Хјустон. Сега резултатот убедлив 119:96 и после 10 години ќе се борат за пласман во големото НБА финале.

Победникот беше одлучен во првата четвртина, кога Лејкерс водеа со 15 поени разлика (35:20). Во еден момент разликата изнесуваше и +22 (33:11), па Рокитс само го стопија водството на противникот и на  почетокот на второто полувреме стигнаа и до -5, а потоа повторно Лејкерс тргнаа кон поход. На сцената застана неуморниот Леброн Џејмс кој ги врати Лејкерси на колосек и до убедлив триумф.

„Кралот“ реализираше 29 поени, 11 скокови и 7 асистенции. Го следеа Кајл Кузма со 17 кошеви, Маркус Морис со 16 и Дени Грин со 14. Во поразениот тим само Харден беше на ниво реализирајќи 30 поени.

На Лејкерс ова ќе им биде прво конференциско финале после 10 години, а Леброн ќе го игра своето деветто финале во последните десет години.

За пласман во финалето Лејкерс ќе се соочи со подобриот од Клиперс и Денвер. Моментално Клиперс водат со 3:2.

Да потсетиме дека во финалето на Истокот ќе играат Бостон и Мајами.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата