Педесет члена на екипажот на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ се тестирани како позитивни на коронавирусот, објави француското Министерството за одбрана, прецизирајќи дека тројца морнари биле превентивно евакуирани.

„Резултатите од 66 тестови покажуваат 50 лица позитивни за Ковид-19“, се вели во соопштението на министерството, два дена откако на бродот биле пријавени сомнителни случаи. Истиот извор вели дека оттогаш не е забележано влошување на состојбата на морнарите на бродот.

Потеклото на инфекцијата на бродот и натаму не е познато. Пловилото не било во контакт со надворешен елемент од 15 март.

Командата на нуклеарниот носач на авиони во средата извести дека решила да го забрза враќањето во Франција, откако е откриено дека сомнителни случаи.

„Целта е да се открие движењето на инфекцијата и да се поддржи протоколот за ограничување на ширењето на вирусот“, велат од Министерството. Тим на здравствената служба на вооружените сили (ССА) е испратен на бродот.

Евакуираните морнари биле пренесени во болница во Тулон.

 

извор: Makfax