x

На неполни 24 часа до изборот: УО на МОК реши да ја отфрли кандидатурата на Војнеска-Зикова!?

vojneska

Даниел Димевски ќе биде единствениот кандидат за претседателското сточле во Македонскиот олимписки комитет на утрешното Изборното Собрание. Според последните информации, кадидатурата на поранешната наша атлетичарка, а сега претседателка на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска – Зикова, УО на МОК е поништена.

На неполни 24 часа до изборот, УО на МОК на денешниот состанок донел одлука за поништување на кандидатурата, затоа што Војнеска – Зикова немала стаж од најмалку четири години како предводник на една спортска федерацијата. Претседателката на АФМ на оваа позиција е една година, но претходно беше и 4 години потпретседателка на истата федерација.

Групата на федерации кои отворено и даваат поддршка на Војнеска – Зикова најавија дека битката ќе ја продолжат и на утрешното Собрание на МОК.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата