Сидни Кинш на „ТикТок“ изјави дека открила како момчето, со кое била во врска четири години, ја изневерува.

На видеото таа го покажа неговото селфи на кое носи очила за сонце и кое на прв поглед не изгледа сомнително.

Сепак, таа објасни да се погледне одблиску одблесокот на очилата на нејзиното сега веќе поранешно момче, каде се гледа како на совозачкото седиште има  нозе на друга девојка. Подоцна откри дека нејзиното момче ја изневерувало цел месец. Многу луѓе беа импресионирани од детективските вештини на оваа девојка, а некои признаа дека и самите ги изложиле своите неверни партнери на сличен начин.

„Вака го фатив мојот дечко со прстите во медот – со рефлексија на прозор“, „И мене буквално ми се случи ова“, се дел од коментарите.

@sydneykinsch

check the reflection in your boyfriend’s sunnies ladies ✨ ##fyp

♬ original sound – Mandy Patinkin and Kathryn G