Моника Белучи (54) искрено зборуваше на Филмскиот фестивал во Венеција за отворениот однос што го има со своите ќерки Дева (14) и Леони (8), кои ги доби во брак со актерот и режисер Венсан Касел (52).

Италијанската дива вели дека разговара со своите ќерки за сè, но поради нив, денес добро би размислила дали повторно би ја шокирала јавноста со еротски сцени од филмот „Неповратно“.

„Она што мене ми е повеќе важно е како ќе реагираат моите ќерки и што ќе им кажат на училиште за тоа. Денес, навистина би размислила двапати дали треба да преземам толку моќна улога“, вели Моника алудирајќи на прикажувањето на контроверзниот филм од 2002 година, во кој глуми жртва на брутално силување.

Актерката се сретна на црвениот килим во Венеција со својот поранешен сопруг, Венсан. Поранешните партнери се поздравиле по излегувањето од автомобилот, а потоа позирале заедно за голем број фотографи што ги чекаа пред салата.

Venice, ITALY – Monica Bellucci and Vincent Cassel attend the “Irreversible” Red Carpet during the 76th Venice Film Festival at Sala Grande on August 31, 2019 in Venice, Italy.
*UK Clients – Pictures Containing Children
Please Pixelate Face Prior To Publication*, Image: 468331134, License: Rights-managed, Restrictions: RIGHTS: WORLDWIDE EXCEPT IN FRANCE, GERMANY, ITALY, SWITZERLAND, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Backgrid UK

И покрај заедничкото позирање, на ниедна фотографија Моника и Венсан ниту комуницираат ниту се гледаат.

Двојката беше во брак 14 години, а се разведоа во 2013 година.

извор: Makfax