САД ги предупредија своите граѓани кои патуваат на Куба да не купуваат храна приготвена на улица, откако неколку странци во изминатите седмици беа заразени со колера. Им се советува на граѓаните на САД да не јадат храна купена на улица, особено недоволно обработена или несварена, како што е специјалитетот од сирови морски плодови. По повеќе години отсуство на колера на Куба, тамошните власти минатото лето пријавија нејзина спорадична појава. Во јануари годинава кубанската Влада објави дека во Хавана е регистриран 51 случај на колера, но оттогаш немаше официјални соопштенија на таа тема. Поради тешката дехидрација која ја предизвикува, колерата може да биде брз убиец, но е излечлива ако се открие навреме.