Супермоделот Кејт Мос веќе со години се фали дека не носи градник. Дека тоа е вистина покажала пред некој ден, но и покажала дека е време да си набави барем еден.

Кејт се смета за една од најубаво облечените жени во светот, а секој нејзин моден испад наскоро прераснува во тренд. Но, овој последниот тешко дека ќе тргне во тој правец. Кејт на роденденот на својот пријател Сер Филип Грин се појавила во мал црн фустан со длабоко деколте. По својот стар обичај, пропуштила да си стави градник, но судејќи по фотките, се чини дека е крајно време да си набави и да носи еден.

Порано, во текот на истиот ден, Кејт Мос во истиот фустан на Ив Сен Лорен одработила и снимање во Париз.

Ова е трет моден гаф на Кејт Мос која досега ја пратеше глас на модна икона. Пред неколку дена во Париз е снимена во облека која би била попримерена за манастир отколку за ревија.