На предвремените парламентарни избори кои што се одржаа вчера се регистрирани 31.466 неважечки ливчиња. Како што беше информирано на денешната јавна седница на Државната изборна комисија, врз основа на податоците од записниците на општински изборни комисии и целокупниот материјал утврдено е дека вкупен број на избирачи е 1.814.236, од кои гласале 942.334.

извор: Makfax