Полицијата уапси албански државјанин кој бил баран од Интерпол Швајцарија на граничниот премин „Долно Блаце“.

Според информациите на МВР, вчера во 17.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека Х.Л.(29) од Албанија се наоѓа на листата со мерка апси по барање на Интерпол од Швајцарија.

Тој бил уапсен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

извор: Makfax