Според новите пропозиции, место во плејофот обезбедуваат првите шест екипи, со тоа што првите два тима на табелата се слободни во првата рунда и обезбедуваат директно место во полуфиналето.

По жестока дискусија, беше донесена одлука резултатите од Првата лига да се пренесат во пресрет на плејофот само за четвртфиналето, што значи дека доколку некој тим има предност од 4:0 или 3:1 во меѓусебните дуели со некој ривал, да има предност од 1:0 на стартот од плејоф серијата во четвртфиналето. Полуфиналните и финалните серии ќе стартуваат со почетни 0:0.

Воедно, на Здружението беше констатирано дека согласно Регистрациониот правилник, клубовите ќе имаат право на трансфери се до крајот на првиот круг на натпреварување, поточно пред првиот натпревар од 15. коло.

Прво коло: Фени индустри – Куманово, Кожув – Работнички, Карпош соколи – Бест, МЗТ Скопје – Струмица.

Првото вечно дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички ќе биде на програмата во рамките од петтото коло.