x

На денешен ден се случи најголемата руска спортска трагедија

ehukgkwxuaayscv

За најголемата спортска Руска трагедија во светот многу малку се знае. Зошто е тоа така, секако дека одговор треба да се бара во затвореноста за информации во некогашниот Советски Сојуз, па затоа дури денеска четириесетина години откако се случил настанот светската јавност да има целосна слика што се случило на денешен ден во 1982 година.

На програмата бил мечот помеѓу Спартак Москва и Холандскиот тим на Харлем кој се одиграл на легендарниот Московски стадион Лужњики.

Тој ден во Москва било исклучително ладно, минус десетина степени, па затоа за мечот биле продадени околу петнаесет илјади билети. Организаторот, во старт погрешил што ги ставил сите навивачи во само два блока, на истокот и отворил само два влеза.

Клучниот момент се случил на самиот крај од мечот кога домашните преку Сергеј Швецов постигнуваа гол, и во тој момент настанува стампедо. Една од верзиите е дека, на една жена и паднал чевелот, а во редицата на луѓе таа се обидела да ја најде па грото од нив кои веќе тргнале да си заминуваат застанале, а останатите тое не го увиделе. Дел од навивачите биле притиснати од металната ограда, и тука настанал хаосот. Дури 66 навивачи загинале, а стотици биле повредени. Втората верзија, која што денеска ја форсираат западните медиуми нормално е дека дел од навивачите скандирале против комунистичкиот систем, односно власта па полицијата реагирала што е многу помалку веројатно.

Се до ден денес, за овој настан се зборува многу малку, а до неодамна не се знаеше ниту точната бројка на загинати.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата