На денешен ден пред 27 години Црвена Звезда „се качи“ на фудбалскиот покрив на светот, го освои Интерконтиненталниот куп во Токио совладувајќи го чилеанскиот Коло Коло со 3:0.

Пред 60.000 гледачи на националниот стадион во Токио Звезда триумфираше против тогашниот шампион на Јужна Америка со головите на Владимир Југовиќ (два гола) и нашиот Дарко Панчев.

Звезда го направи тоа што ниедна друга екипа од источна Европа дотогаш не успеала, да го освои Купот на шампионите и истата година да ја додаде на тоа и титулата светски клупски првак.

Тимот што играше за Црвена Звезда во Токио го сочинуваа:
Милојевиќ, Радиновиќ, Василијевиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Стошиќ, Ратковиќ, Панчев, Савичевиќ, Михајловиќ.

извор: Makfax