x

На денешен ден пред три години: Суперкупот и Скопје кога беше “главен град“ на фудбалот во светот! (ВИДЕО)

super-kup-2-1024x673

Минаа точно три години откако на 8 август 2017 година, во Скопје и Македонија, на Арената се одржа најважниот спортски настан во историјата на нашата држава. УЕФА Супер Купот, во кој се сретнаа Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, гигантите на светскиот фудбал. Според УЕФА на трибините имало 30.421 гледачи, а во ложата беа од Чеферин, преку Перез и Фергусон, до уште многу други познати европски и светски фудбалски ѕвезди. На теренот беше мега – ѕвездата Кристијано Роналдо, а на тренерските клупи Мурињо и Зидан. Победи Реал Мадрид со 2:1, но тоа е најмалку важно. Поважно е што Скопје и Македонија со денови “дишеа“ во фудбалски ритам, кога се покажавме во вистинско светло, кога организиравме спектакл, како што доликува на една домаќинска држава. Александер Чеферин, претседателот на УЕФА кажа дека организаторот, државата и ФФМ, може да бидат горди на се она што беше сработено од наша страна. Затоа добивме и благодарници.

Бевме горди и на фактот, што, тој ден, посебно таа вечер, сите светски ТВ, вестите ги почнуваа со Скопје, а весниците и порталите на своите насловни ги имаа Скопје и Македонија. Тоа беше супер промоција на наша држава.

Се чини дека тој ден ние како држава, како народ и нација се сплотивме како никогаш.

Секако не пропуштивме шанса да си се изрекламираме на најдобар можен начин, и тоа со спектакуларна церемонија на отворањето на овој мега настан.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата