Во мексиканската држава Тамаулипас, на северо-истокот од земјата, на границата со САД, 16 мигранти од повеќе држави се позитивни на коронавирусот, соопшти владата на оваа држава.

Според агенцијата АП, 14 мигранти од Мексико, Хондурас, Гватемала, Куба и Камерун биле во засолниште за мигранти во градот Нуево Ларедо, коj се наоѓа во близина на границата и сега се во изолација.

Владата на Тамаулипас објави дека еден мигрант кој бил депортиран од Хјустон, Тексас, влегол во засолништето без да знае дека е инфициран од вирусот.

Мигрантите сега сочинуваат околу 10 проценти од 193 случаи на коронавирус во оваа мексиканска држава, што предизвика гнев кај нејзините граѓани, пренесува АП.

извор: Makfax