Дали парите да се однесат во банка или подобро да се инвестираат 2,8 милиони евра во луксузен стан? Многу Германци поради ниските камати се решаваат своите заштеди да ги вложат во нов дом или во недвижности кои ги изнајмуваат. Притоа, барани се не само луксузни објекти во Берлин, кои чинат по 24 илјади евра за квадратен метар, туку и сосема едноставни станови.

Од 2006 до 2009 година бројот на дозволи за градба се намалувал. Но, од почетокот на финансиската криза сѐ повеќе инвеститори се одлучуваат за недвижности, кои според нив, се сигурна инвестиција. Минатата година биле издадени толку дозволи за градење, како што немало од почетокот на овој милениум.

Со оглед на зголемената побарувачка и цените во повеќето германски градови се значително зголемени. Некои експерти и банки предупредуваат дека и во Германија наскоро може да дојде до пукање на овој меур со недвижности.