Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата министерот Спасовски информираше дека во наредниот период ќе бидат исплатени бонус плати за вработените во МВР за три години.

Откако во претходниот мандат на министерот Спасовски беа обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2019 година и таа првпат беше исплатена во МВР, сега се обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година.

Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.

„На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените“, велат од МВР.

извор: Makfax