Прскалките се поставени за да се разладат туристите, зашто овие денови температурите во Полска изнесуваат 37 степени, наведуваат од Музејот.

Циклонот Б бил уфрлан на друг начин


Тушевите се јасен потсетник на стравичните нацистички злосторства, посебно за постарите посетители, кои всушност се и најпогодени од трапавоста на музејските служби.
– Штом излегов од автобусот, поминав низ дел од тушевите. Се шокирав. Отидов на рецепција и прашав за што се работи, а тие ми рекоа дека прскалките се поставени поради горештините, револтирано раскажува Мајер Болка за Дејли меил.
– Ако сакате да ги разладите луѓето, најдете друго решение. Не е пријатно да се гледаат прскалките, вели тој.
Управата на музејот во изјава за јавноста тврди дека немала намера никого да навреди и дека прскалките биле поставени за да се чувствуваат пријатно туристите додека чекаат во ред за влезници.
– Прскалките се поставени на место што е директно изложено на сонце, а таму понекогаш мора долго да се стои во ред, зашто илјадници луѓе секојдневно го посетуваат музејот. Ги тргаме прскалките кога ќе залади. Тешко ни е да го коментираме ова повикување на историските случувања, зашто прскалките не изгледаат како тушеви. Циклонот Б бил уфрлан во коморите на друг начин – низ дупки во ѕидовите, стои во соопштението. Тврдат дека ќе размислат за преместување на прскалките на друга локација.
Нацистите своите жртви го затворале во комори со изговор дека одат на групно туширање. Од таваните виселе лажни тушеви. Кога ќе се затворела вратата, во комората пуштале смртоносен гас.