Работнички К. ита кон својата прва титула, а на патот кон шампионскиот трофеј е “прегазен” и скопскиот ривал. Резултатот од 1:0 во корист на “романтич арите” не е до толку убедлив, посебно што е постигнат на две минути пред крајот, туку податокот дека третпат сезонава, Работнички К. е подобар во скопското дерби од Вардар. За разлика од оние два дуела од осминафиналето на Купот на Македонија, вчерашниот првенствен натпревар мина во најло- ша игра на двата противника сезонава. Со две дефанзивни формации, настапија и двајцата тренери (Јовановски-Работнички, Чита-Вардар), што се одрази на играта, во која немаше многу шанси. “Романтич арите” беа подобри во првото полувреме, но Илијоски на двапати беше кус, а Михајловиќ се сплетка кога излезе сам со Здравковиќ. Шансата на Наумов во вториот дел, кога Георгиевски извонредно одбрани, се претпоставуваше дека е најава за еден атак на вардаровите фудбалери на победа, посебно што кај Работнич ки К. го немаше напаѓ ачкото трио Толески- Станковски-Пејчиќ (поради повреди и суспензии). Но, наместо конечно да псотигнат гол во дуелот, со соседот сезонава (во Купот беше 0:3 и 0:1), повторно казна за “црвеноцрните”. Панче Стојанов центрираш е од слободен удар од левата страна, топката во летот не ја зафати никој, што го измами и голманот Здравковиќ, и отседна во левиот горен агол од неговиот гол. Во редовите на Вардар претстојат нови канцелариски битки и подготовка за повратните билети на тренерското дуо Родригеш-Ч ита, а најверојатно и на нивните пулени на теренот – Деилсон и Вилсон. Во Штип се што беше интересно се случи во првото полувреме, кога единствено недостасуваа головите. Во првите 45 минути и Брегалница и Победа имаа неколку шанси кои напаѓачите не ги реализираа. Во вториот дел, гостите со одбранбена тактика се обидоа да го чуваат нерешениот резултат. Сепак, два момента заслужуваат да се истакнат. Најпрвин Гешковски (во 75 м.) ја погоди стативата на Брегалница, а во Мегленски (88 м.), ќе постигнеш е ефектен автогол, откако го лобуваше својот голман, а стативата го спаси голот на Победа. Напредок со победа над екипата на Силекс, конеч- но, ја напушти опасната зона на испаѓање. Првото полувреме донесе неинтересен фудбал, во кој единствен момент за одбележување е дирекот на кичевци во втората минута. Во вторите 45 минути Силекс ја консолидира својата игра. По само четири минути игра во продолжението, голгетерот Ристиќ откосо биеше под самата пречка- 1:0, за во следната минута С.Јовановски да зголеми на 2:0. По 30-тина минути затишје, во последните пет минути, фудбалерите на Силекс повторно се разбудија и постигнаа уште два гола за убедлива победа. Беласица оствари заслу- жена победа над Слога Ј. и со тоа ја прекина лошата традиција со чаирчани. Домаќините додоа во водство во 39 минута со голот на нововлезениот Пандев, но победата ја потврдија со двата гола во второто полувреме. Цементарница со резултатски пресврт на кој му кумуваше голманот на Башкими Суад Зендели освои три мошне значајни бодови. Домаќините иако ја имаа иницијативата, гостите први дојдоа во водство во 11 минута, по ударот на Соуза што заврши во гредата, а одбиената топка Мисердовски ја спроведе во мрежата. Цементарците напаѓаа, а дури во 59 минута ја анулираа предноста на домаќините, преку Спасовски. Во 74 минута додека голманот Зендели и Благоја Милевски вербално се расправаа пред голот на Баш- кими, а играта не беше прекината, Митрев го искористи невниманието и ја пласира топката во мре- жата, по што гостите од Куманово негодуваа, па дури и се закануваа дека ќе го напуштат теренот.